Прва претседателска дебата: Спротивставени ставови околу економијата

27.09.2016 14:15

Економијата, безбедноста, состојбата во Соединетите Американски Држави беа главни теми на кои ги соочија своите ставови претседателските кандидати Доналд Трамп и Хилари Клинтон.

Првата претседателска дебата заврши со најмногу спротивставени ставови околу економијата. Доналд Трамп се заложи за спречување американските компании да заминуваат од земјата, намалување на даноците за да компаниите ќе можат да отворат нови работни места и за ревизија на штетните трговски договори. Хилари Клинтон пак побара зголемување на даноците за богатите Американци.

Трамп ја нападна Клинтон дека со лошата надворешна политика придонела за подемот на ИДИЛ и дека го објавила планот за негов пораз на интернет. Клинтон го обвини Трамп дека има расни предрасуди, а самата истакна дека полицијата и други државни институции во земјата ги имаат истите проблеми.

Клинтон го запраша Трамп зошто не ги објави даноците, а тој и одговори дека ќе го направи тоа кога таа ќе ги објави 33 илјади имејлови што ги избришала. Публиката на универзитетот Халстра во Њујорк и покрај забраната да извикува за време на дебатата, најмногу поддршка му даде на Доналд Трамп.

Првата претседателска дебата ја гледаа рекорден број на гледачи, над 100 милиони.


Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ