Доделување на стипендиите „Борис Трајковски” за 2016/2017

28.09.2016 09:34

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2016/2017 година.

Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.

Стипендиите ги обезбедија Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.