Повторно одложена комисиската расправа за Извештајот на СЈО
28.09.2016 11:57
Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев рече дека не се создадени деловнички услови за одржување на седницата и ја одложи за утре...

Во Собранието на Република Македонија и денеска беше откажано продолжението на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради неприсуството на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев рече дека не се создадени деловнички услови за одржување на седницата и ја одложи за утре. Додаде дека од Јанева не добил известување дека нема да дојде.
Јанева во понеделникот најави дека веќе нема да доаѓа на конмисиските заседанија и дека ќе има обраќање за Извештајот на пленарна седница на Парламентот.