Јанева ја напушти седницата на Советот на јавни обвинители, се пожали на мобинг

28.09.2016 15:03

Специјалната јавна обвинителка изјави дека е задоволна од начинот на кој комуницирала со Советот, но и дека е изненадена од нивната заинтересиранист за работата на СЈО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го презентира извештајот за работењето  пред  Советот на јавни обвинители. По острите реакции, рече дека се врши мобинг врз неа и ја напушти седницата.

Специјалната јавна обвинителка изјави дека е задоволна од начинот на кој комуницирала со Советот, но и дека е изненадена од нивната заинтересиранист за работата на СЈО.

Се надевам дека ќе ја продлабочиме соработката.  Личните навреди и вадење прашања од контекст од Извештајот сметам дека нема потреба да ги одговорам и затоа ја напуштив седницата, нагласи Јанева.