„Напред розово“ против ракот на дојка
Сѐ повеќе се намалува старосната граница на заболени од рак на дојка. Ако порано се сметаше дека ракот на дојка е болест на жените на возраст над 50 и над 60 години, сега возраста е многу намалена...

Здружението „Борка“ по 8-ми пат ја организира кампањата „Напред розово“, преку која се подигнува свеста за ракот на дојката. Од Здружението предупредуваат бројот на новозаболени е сѐ поголем.
Инциденцата за оваа болест е во голем пораст за разлика од пред осум години. Сѐ повеќе се намалува старосната граница на заболени од рак на дојка. Ако порано се сметаше дека ракот на дојка е болест на жените на возраст над 50 и над 60 години, сега возраста е многу намалена. Има девојки и жени на возраст од 30 години кои имаат рак на дојка, рече денеска на прес-конференција претседателката на Здружението „Борка“, Биба Додева.
Посочи дека Македонија станува повторно дел од глобалното семејство на борци против ракот на дојка, бидејќи октомври е месец за подигнување на свесноста за оваа болест.
Манифестацијата „Напред розово 2016“ ќе се одржи по осми пат со поддршка на Американската амбасада и компанијата Пелистерка.
