Десет години од основањето на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации
Првиот човек на Комисијата, Сламков, во своето обраќање образложи дека колку е поголема транспарентноста на работењето на институциите толку е помала веројатноста за корупција.

Комисијата за заштита на правотo за слободен пристап до информациите од јавен карактер го одбележи 10 годишниот јубилеј од своето основање. Со тоа даде и своевиден придонес во одбележувањето на меѓународниот ден што се одвива под мотото „Имам право да знам“, а што го симболизира глобалното движење за промоција на правото на пристап до информациите.
Првиот човек на Комисијата, Сламков, во своето обраќање образложи дека колку е поголема транспарентноста на работењето на институциите толку е помала веројатноста за корупција.
Спикерот Вељаноски, пак, во оваа прилика апелираше до институциите и пред сѐ Собранието за доследно почитување на своите обврски кога станува забор за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
