Уставен суд ја отфрли иницијативата за поставување крст во Бутел

28.09.2016 15:56

Од судот појаснуваат дека одлуката за поставување урбана опрема во Општина Бутел, не е општ пропис, туку е врзан за конкретен објект, предмет, односно работа.

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен и ја отфрли иницијативата од Движењето за реформи - Албанска демократска партија од Тетово, за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за поставување крст во Општина Бутел.

Од судот појаснуваат дека одлуката за поставување урбана опрема во Општина Бутел, не е општ пропис, туку е врзан за конкретен објект, предмет, односно работа.

Одлуката беше донесена во февруари од советот на општината. Проектот за поставување на крстот е на Светскиот Македонски Конгрес.