Трибина: Итни реформи на новата влада

28.09.2016 16:45

Опозициската СДСМ организираше трибина со граѓанскиот сектор. Од партијата рекоа дека целта е да се соберат идеи и предлози, што треба да стори владата во првите шест месеци од нејзиниот избор...

Наместо да се главни материјалните аспекти акцентот треба да го ставиме на граѓаните и тие да се на пиедесталот, изјави претседателот на Социјал- демократите, Зоран Заев на трибината итните реформи на новата влада. Според Заев просечната плата треба да изнесува 500 евра, двојно да се зголемат платите на лекарите и да се обрне поголемо внимание на домашните фирми.

Идната влада треба веднаш да донесе нов темелен буџет, но претходно да се утврди вкупниот јавен долг- смета екс гувернерот Петар Гошев. Потребно е вели тој да се врати стратегијата за управување со ризиците, а ризична точка се развојните буџети- вели Гошев.

Професорот Светомир Шкариќ вели дека судската власт се бори со политичката класа. Според него потребно е да се удоволи барањето за продолжување на мандатот на СЈО како начин за демократизација на системот.

Во областа на човековите права, треба да се обрне винимание на ранливите категории граѓани, изборот на Народен правобранител да е независен, а не со политички договор, но и да се поправат условите во затворите и психијатриските установи, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет. Таа смета дека е потребно да се формира и посебно тело за надзор врз полицијата.

Социјал- демократите побараа од учесниците на дебатата нивните согледувања за тоа што е треба да презема новата влада да ги достават до нив.

 

Миле Ристески