Собраниска седница за пратенички прашања
29.09.2016 08:43
Ова се први пратенички прашања откако беше избрана преодната Влада, во која СДСМ партиципира со двајца министри со три заменици министри...

Секој последен четврток во месецот во Собранието е резервиран за пратенички прашања. Народните избраници ќе имаат можност да ги прашуваат премиерот и министрите за актуелни теми од политичкиот живот, но и за економски прашања.
Ова се први пратенички прашања откако беше избрана преодната Влада, во која СДСМ партиципира со двајца министри, за внатрешни работи и за труд и социјална политика и со три заменици министри во ресорите финансии, земјоделство и информатичко општество и администрација.
