Кривичниот суд сѐ уште без одговор на барањата на СЈО за осомничените во „Трезор“

29.09.2016 10:34

Обвинителството за едно лице побара притвор, а за три лица одземање на пасошот. За истиот случај СЈО предложи и замрзнување на имотот на скопската фирма „Финзи“.

Скопскиот Кривичен суд сѐ уште не се произнесол по мерките на Специјалното обвинителство за случајот „Трезор“. Обвинителството за едно лице побара притвор, а за три лица одземање на пасошот.

За истиот случај СЈО предложи и замрзнување на имотот на скопската фирма „Финзи“.

Во „Трезор“ тројца екс раководители во УБК и едно во Министерството за внатрешни работи, се осомничени дека го оштетиле буџетот за 862 илјади евра.