Неовластен упад во електронската пошта на СЈО
Од СЈО напоменуваат дека во тој период немале вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не бил пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немало никаква реална штета од упадот.

Во текот на месец декември 2015 година беше извршен неовластен упад во електронската пошта на Специјалното јавно обвинителство, по што од беа преземени сите чекори за зголемување на нејзината безбедност, соопштија денеска од СЈО откако на каналот „Јутјуб“ осамна видео со содржини од електронската пошта.
Од СЈО напоменуваат дека во тој период немале вработено лице кое би се грижело за информатичката безбедност на електронската пошта. Настанот не бил пријавен пред надлежните органи, бидејќи во тој момент немало никаква реална штета од упадот.
Од обвинителството соопштуваат дека ќе бидат преземени сите мерки за расчистување на случајот.
