Прекината седницата за пратенички прашања
Седница посветена на пратенички прашања на самиот почеток е прекината по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој побара еден час пауза...

Собраниската седница посветена на пратенички прашања денеска на самиот почеток е прекината по барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој побара еден час пауза.
Димовски во процедуралната забелешка рече дека од денеска оваа седница може да се нарекува седница за мобинг и дека претставниците на власта имаат право да не одговараат на прашањата на пратениците и да ја напуштат седницата. Ова сознание, како што рече Димовски, го обелоденил еден специјален човек со специјална мисија.
По барањето на Димовски, претседателот на Собранието, Вељаноски, рече дека ќе даде еден час пауза бидејќи тоа е согласно деловникот за работа, но, како што истакна, секој си одговара за своите постапки. Ги замоли пратениците да бидат коректни и да продолжат со редовниот тек на работа.
Седницата треба да продолжи во 12:45 часот.
