Кривичниот суд ги врати предлозите на СЈО за предметот „Трезор“

29.09.2016 13:54

Трите предлози за определување мерки за претпазливост за четворица и доказите биле доставени во електронска форма, но на кодирано УСБ, кое судиите на претходна постапка не можеле да го отворат, иако според Законот, содржината треба да им биде достапна.

Кривичниот суд ги врати предлозите на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерки за претпазливост за предметот „Трезор“, што беше отворен во текот на вчерашниот ден.

Од Основен еден велат дека тимот на Јанева крие докази од судот. Трите предлози за определување мерки за претпазливост за четворица и доказите биле доставени во електронска форма, но на кодирано УСБ, кое судиите на претходна постапка не можеле да го отворат, иако според Законот, содржината треба да им биде достапна.

Откако реагирале, од Специјалното обвинителство добиле одговор дека доказите ќе може да се разгледуваат само во нивно присуство.

Од Кривичниот суд велат дека е нејасно како тие треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите за да ги повикаат странките и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат предлогот и сметаат дека е ова преседан во досегашното постапување.