Вајгл: Очекуваме демократски избори и резултати прифатени од сите

29.09.2016 14:42

Борбата против корупцијата, според Вајгл, е цел на секоја земја која сака да стане членка на Европската Унија...

Многу е важно сега да видиме политичка волја кај сите политички играчи во Македонија да се борат против корупцијата. Ова го порача Иво Вајгл, европратеник и известител на европскиот парламент за Македонија, на меѓународната конференција „Справување со корупцијата и заробената држава во Југоисточна Европа“.

Најпрво тоа би биле изборите на 11 декември, што ќе значи исполнување на обврските преземени со договорот од Пржино во однос на реформите и секако способноста и подготвеноста на сите политички партии да се соработува по изборите, кои очекуваме да бидат демократски, транспратентни и согласно европските стандарди, а резултатите да бидат прифатени од сите политички партии, изјави известувачот за Македонија, Иво Вајгл.

Борбата против корупцијата, нагласи тој, е цел на секоја земја која сака да стане членка на Европската Унија.