Македонија домаќин на Есенската сесија на ПС на ОБСЕ
Сесијата ќе ја отвори претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а на неа ќе говорат и потпретседателката Рената Дескоска, и шефицата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ Кристин Мутонен.
Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На собирот учествуваат делегации од 51 земја од Европа, Централна Азија и Северна Америка.
Сесијата ќе ја отвори претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, а на неа ќе говорат и потпретседателката Рената Дескоска, и шефицата на Парламентарното Собрание на ОБСЕ Кристин Мутонен.
На овој собир ќе учествуваат и Ламберто Заниер, Генерален секретар на организацијата, министрите за надворешни на Македонија и на Турција, Попоски и Чавушоглу, и министерот за внатрешни Спасовски.
Работниот дел од Есенската сесија почнува со седница за безбедноста и соработката во Медитеранот на која ќе говори потпретседателот на Собранието, Милошоски.