Осомничените во „Трезор“ повикани на распит во Судот
Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал кој се однесува на злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија за што се осомничени три раководни лица во УБК и едно раководно лице во МВР...
Четворицата осомничени во случајот „Трезор“, во текот на денов треба да бидат сослушани во Основниот суд во Скопје.
Од Кривичен информираат дека судии на претходна постапка постапувајќи по двата предлога – за определување мерка притвор против едно лице и мерки на претпазливост против другите тројца, испратиле покани до странките и до лицата кои се опфатени со предлозите.
Овој предмет се однесува на економски криминал, под сомнение дека се злоупотребени средства од буџетот при набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Управат за безбедност и контраразузнавање.