Комисија за политички систем
Расправата повторно одложена, Јанева не се појави
30.09.2016 13:12
Обвинителката Јанева недоаѓањето, пред три дена го образложи со вршење мобинг од пратениците во Комисијата.

Специјалната обвинителка Катица Јанева трет ден не се појавува на седницата на Комисијата за политички систем, по што претседателот на комисијата Ѓорчев, повторно ја одложи.
На оваа седница треба да се расправа за 6-месечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство, а потоа да се продолжи со извештајот на Јавното обвинителство на Република Македонија.
Обвинителката Јанева недоаѓањето, пред три дена го образложи со вршење мобинг од пратениците во Комисијата.