Милошоски: Кризата со мигрантите создава политички кризи
Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На собирот учествуваат делегации од 51 земја од Европа, Централна Азија и Северна Америка...
Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На утринската сесија се разговараше за безбедноста и соработката во Медитеранот на која говореше потретседателот на македонското Собрание, Антонио Милошоски.
Тој се осврна на мигрантската криза и ги повика земјите- членки на Европската Унија да создадат стратегија за неа, бидејќи последиците ги трпи и Македонија. Потребни се помош и соработка со мојата земја, рече Милошоски.
„Кризите кои се прелеваат на европскиот континент, не се само социјални, туку стануваат и политички. Политичките кризи во Европа, во следниот период ќе ги забележуваме се повеќе, затоа што феноменот на мигрантите предизвикува политички турбуленции, и ги зајкнува партиите кои имаат поекстремни, или порадикални ставови. Тоа може да го забележиме и во Шведска, и во Финска, и во Германија, можеме да го забележиме и во Франција. Тие кои ваквите не решени проблеми јаваат на бранот на популизмот, утре ќе бидат пратеници“, изјави Милошоски.
На собирот учествуваат делегации од 51 земја од Европа, Централна Азија и Северна Америка.