СЈО бара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предметот „Трезор“

30.09.2016 17:06

Ова е преседан- велат од Судот, и објаснуваат дека дополнително се влијае на одолговлекување на постапките, кои се покренати од страна на Специјалното обвинителство.

Специјалното јавно обвинителство бара изземање на судијата на претходна постапка кој постапува по предметот „Трезор“- соопшти Кривичниот суд. Од Основен еден велат дека претседателот на судот, во рок од три дена треба да одлучи по ова барање, што е трето по ред барање за изземање на судии од страна на СЈО.

Ова е преседан- велат од Судот, и објаснуваат дека дополнително се влијае на одолговлекување на постапките, кои се покренати од страна на Специјалното обвинителство.

Откако до странките и до лицата опфатени во предметот „Трезор“ за економски криминал беа испратени покани за сослушување, од Судот велат дека дополнително ќе информираат во однос на предлогот за определување мерка притвор.

Поради тајност на постапката, не се соопштува дали четворицата осомничени се сослушани од судијата на претходна постапка.