Три милиони евра од ИПА за прекугранична соработка
Три милиони евра им стојат на располагање на сите заинтересирани за користење на средства од ИПА фондовите наменети за прекугранична соработка во областите на туризам, конкурентност и животна средина. Информативни сесии се одржаа во Битола и во Охрид...

Европската заедница во рамките на ИПА програмата за периодот 2014-2015, стави на располагање нова финансиска перспектива за пограничните општини на Македонија и Албанија. Буџетот изнесува три милиони евра, а по објавениот прв повик апликантите ќе можат да поднесуваат тематски проекти во областите туризам, животна средина и конкурентност. Висина на доделените средства ќе ја утврдува делагацијата на Европската унија.
„Минималниот изност што може да се побара е 250.000 евра за активности што ќе се имплементираат од двете страни на границата без разлика од каде се појавува апликантот, програмата е заснована на партнерски однос апликант и коапликант, а максималниот износ што може да се добије изнесува до 500.000 евра“, вели Гоце Толевски, раководител на заедничката техничка служба од Струга.
Кон овој грант, државата мора да обезбеди кофинансирање од петнаесет проценти- сума која ќе биде вратена по имплементацијата на проектот. Искуството од пртходниот седумгодишен период е позитивно. Македонија искористила 7,2 милиони евра или седудесетина проценти од предвидените средсва.
„Мислам дека периодот 2007-2013 година даде солидни ефекти. Успешно имплементиравме дури 51 проект“, вели одговорниот за проектот во Министерството за локална самоуправа, Арсен Фидани.
За разлика од нив, актулниве тематски проектни предлози треба да бидат поспецифични и треба да дадат резултати со кои ќе бидат повисоко исполнети главните цели на ова ИПА програма.
Стевче Митревски
