Претседателот Иванов се сретна со рускиот епископ Тихон
На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за односите меѓу Mакедонската православна црква- Охридска Архиепископија и Rуската православна црква, како и за севкупните состојби во православието.
Претседателот Ѓорге Иванов во Охрид го прими епископ Тихон, викар на Патријархот Московски и на цела Русија, кој престојува во посета на Република Македонија.
На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, биле разменети мислења за односите меѓу Mакедонската православна црква- Охридска Архиепископија и Rуската православна црква, како и за севкупните состојби во православието.
Претседателот Иванов ја истакнал потребата од натамошно интензивирање и збогатување на односите меѓу двете цркви, како и воопшто на релациите меѓу македонскиот и рускиот народ, кои ги поврзува богата заедничка историја.
