Уставниот суд в среда ќе расправа за аболицијата
Шефот на државата аболицијата ја објави во април годинава. По многубројните демонстрации, но и реакции од самите политичари што беа опфатени со одлуката на претседателот, Иванов најпрвин делумно ја поништи на 27-ми мај, а потоа и целосно на 6-ти јуни.

Уставниот суд на седницата закажана за в среда, ќе расправа за одлуката на претседателот Иванов за помилување на 56 лица, поранешни и актуелни функционери и нивни соработници.
Шефот на државата аболицијата ја објави во април годинава. По многубројните демонстрации, но и реакции од самите политичари што беа опфатени со одлуката на претседателот, Иванов најпрвин делумно ја поништи на 27-ми мај, а потоа и целосно на 6-ти јуни.
Бидејќи аболицијата е целосно поништена, се очекува уставните судии на седницата тоа само и да го констатираат.
