Одложено судењето на Павле Богоевски
05.10.2016 12:19
Му се суди за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Според обвинението, Богоевски на 18-ти април фрлал боја кон фасадата на Министерството за култура, коешто се смета за културно наследство.

Павле Богоевски, член на Шарената револуција седна на обвинителна клупа. Му се суди за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Според обвинението, Богоевски на 18-ти април фрлал боја кон фасадата на Министерството за култура, коешто се смета за културно наследство.
Судењето се одложи затоа што обвинителството сѐ уште не утврдило колкава штета направил Богоевски. Истовремено пред Кривичниот суд, членови на Шарената револуција мирно протестираа за да му дадат поддршка на обвинетиот.
