Нова градинка во Ѓорче Петров
Градинката „Кокиче“ е со капацитет од 150 слободни места, а во нејзината изградба се инвестирани 12 милиони денари, средства од Владата и од ресорното Министерство за труд и социјална политика.
Новата градинка во населбата Ѓорче Петров ќе одговори на потребите на новите генерации, и ќе се намали листата на чекање особено во оние општини каде што е зголемен наталитетот, изјави претседателот на Владата, Емил Димитриев на пригодната свеченост.
На местото на старите бараки се доизгради и преадаптира простор за згрижување и воспитување на деца во предшколска возраст. Градинката „Кокиче“ е со капацитет од 150 слободни места, а во нејзината изградба се инвестирани 12 милиони денари, средства од Владата и од ресорното Министерство за труд и социјална политика.
Досега во општината е изградена и градинката во Новоселски пат, а во план е да се изградат предучилишни установи во Волково и да се прошири капацитетот на градинката во склоп на училиштето „Мирче Ацев“.
