Одложен почетокот на судењето на Богоевски
Одложен е почетокот на судењето на Павле Богоевски, член на Шарената револуција. Тој е обвинет за учество во толпа што ќе стори кривично дело, бидејќи на 18-ти април со боја фрлал кон Министерството за култура, објект што се смета за културно наследство. Судењето е презакажано за 14-ти ноември, до кога треба да се утврди настаната материјална штета. Пред судот, мирен протест за поддршка на Богоевски...

Нема точен износ во обвинението колкава штета направил Павле Богоевски фрлајќи боја врз фасадата на Министерството за култура. Ова беше причината поради која се одложи процесот во кој му се суди на еден од водачите на „Шарената револуција“. Следниот пат, претставник од Министерството ќе ја процени штетата направена на зградата која се смета за културно наследство.
Обвинителството тврди дека има видео снимка на која се гледа како Богоевски со останатите демонстранти на 18-ти април годинава, револтиран од одлуката за аболиција што ја донесе шефот на државата, фрлал балони со боја врз министерската зграда. Богоевски вели – не чувствува вина. Ќе предложи тројца сведоци кои на судот ќе му појаснат што се случило.
Процесот продолжува на 14-ти ноември. Членови на „Шарената револуција“ непосредно пред судењето се собраа пред Кривичниот суд за да му дадат поддршка на нивниот активист.
Анита Димитријевска
