Попоски: Македонија придонесува за мир и стабилност во Авганистан

05.10.2016 15:04

Конференцијата за Авганистан што се одржува во Брисел за Македонија е важна од две причини, смета Попоски. Првата е од аспект што Република Македонија придонесува за градењето мир и стабилност во Авганистан, а втората е мигрантското прашање и придонесот на Македонија во обезбедувањето на хумен третман на мигрантите.

Во Брисел конференција за Авганистан во организација на Европската Унија и на Авганистанската влада. Учествува и шефот на дипломатијата Попоски.

Конференцијата за Авганистан што се одржува во Брисел за Македонија е важна од две причини, смета Попоски. Првата е од аспект што Република Македонија придонесува за градењето мир и стабилност во Авганистан, а втората е мигрантското прашање и придонесот на Македонија во обезбедувањето на хумен третман на мигрантите.

„Тука е постигнат договор за реадмисија, односно враќање на мигрантите од Авганистан што се дојдени од економска природа во Европа. Овој договор мора да се однесува и на земјите што овозможија да се зачува Шенген-зоната во однос на мигрантското прашање кога беше најкритично. Ќе се помогне и за сите граѓани на Авганистан што во моментов се заглавени некаде на мигрантската рута што почнува од Грција и завршува во северно-европските држави, а воедно и ќе биде сериозна порака за обесхрабрување на поголемиот број на економски мигранти што во континуитет доаѓаат од Авганистан кон западно-европските земји“, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски.

Според македонскиот шеф на дипломатијата, придонесот на Македонија во овој дел е значаен и поради средствата што земјата ги има дадено за обезбедување на овие решенија, но и поради помошта што несебично ја дала за обезбедување на хуман и безбеден третман на мигрантите во текот на целата оваа мигрантска криза.