НСА ги хакирала „Гугл“ и „Јаху“
31.10.2013 22:04
За разлика од програмата на НСА „Призм“, која шпионира со судска дозвола, програмата „Мускулар“, која оперира надвор од САД, не подложи на контрола.
Шпионскиот скандал во САД продолжува да се шири. Вашингтон Пост пренесува нови документи на Сноуден, според кои НСА ги хакирала дата-линковите на Гугл и Јаху низ целиот свет. Информациите ги сортирала програмата МУСКУЛАР, во соработка со британскиот владин центар за комуникации. Шефот на НСА ги отфрли обвинувањата.

„Тоа никогаш не се случило. И минатиот јуни ја обвинија НСА дека ги следи серверите на Јаху, Гугл или на индустриските претставници. Тоа би било нелегално и иако не знам што вели извештајот, факт е дека немаме пристап до серверите на Гугл и на Јаху“, изјави Кит Александер, шеф на НСА.
НСА веќе има пристап до сметките на Гугл и на Јаху преку судски одобрената програма ПРИЗМ, но МУСКУЛАР наводно оперира надвор од САД и не подложи на контрола, а дневно проверувала милиони записи од внатрешните мрежи на интернет гигантите.
Ватикан нема коментар за наводното шпионирање на Светата столица.
НСА наводно ја шпионирала и Светата столица. Ватикан нема такви сознанија, но за верниците, приватноста на Папата е поважна од приватниот граѓанин.
„Нема проблем ако ја шпионирале Меркел. Но не и папата Франциск. Не смеете да го допрете папата Франциск“, вели Емануеле Колела, верник.
Грција ги шпионирала американските амбасадори.
Претходно на шпионската афера и се надоврза и Грција. Поранешниот шеф на дипломатијата Пангалос призна дека грчките разузнавачи ги шпионирале американските амбасадори во Атина и Анкара, и тоа во истиот ден кога германски Шпигел објави дека амбасадата на САД во Атина била еден од клучните шпионски центри на Вашингтон во Европа.