Објавен оглас за нов претседател на Врховниот суд и на Крвичниот суд Скопје

07.10.2016 15:14

Објавен е огласот за претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд Скопје, изјавија во Судскиот совет. Доколку има избори на 11-декември, за овие два суда ќе биде назначен вршител на должност, велат во Советот. Претседателот на Судскиот совет рече дека се непријатно изненадени од однесувањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева...

Засега е неизвесно дали досегашните претседатели на Врховниот и на Кривичниот суд повторно ќе бидат во трката за нов четиригодишен мандат. Огласот трае 15 дена и доаѓа во период кога се најавуваат избори.

Претседателот на Судскиот совет вели дека нема забелешки за досегашната работа на двата суда. Според последниот тримесечен извештај од 2016-та година, презентиран на денешната седница на Судскиот совет, Основниот суд Скопје 1 доби позитивна оценка. Врховниот суд е оценет како неажурен, зашто не успеал да ги намали заостанатите предмети. Ваква оцена добиле и повеќето други судови. Комисијата ја лоцирала причината. Комисијата констатирала дека во вишиот Управен суд недостигаат судски службеници и стручен соработник.

Караџовски реагираше на, како што рече, нападите на специјалната обвинителка Јанева врз судии. Вели, секој мора да ги почитува законите, да соработува и да се почитуваат правата на обвинетите.

Досега до Судскиот совет нема пристигнато никакви претставки ниту попаки од специјалната обвинителка Катица Јанева, која, како што рече претседателот на Судскиот совет, пред неколку месеци изјавила дека ќе ги поднесе до Советот.

 

Наташа Гркова- Петрушевска