Слаб земјотрес регистриран ноќеска во Скопско
07.10.2016 16:00
Епиценарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околина е почувствуван со интензитет од III степени...

Земјотрес со магнитуда од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран изминатата ноќ во скопскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природноматематичкиот факултет во Скопје.
Епиценарот на земјотресот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје, а во Скопје и околина е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
