Протестен граѓански марш на опозицијата

12.10.2016 10:13

Маршираме против сиромаштијата, за повисоки плати, за работни места, за правда. Лидерот на опозицискиот СДСМ, Заев, со порака од маршот по повод 11-ти октомври. Ја предводеше колоната граѓани која прошета низ централните скопски улици за, како што беше речено, да испратат слободарска порака. Настанот го поддржаа музичари, новинари, актери, граѓански активисти...

И ние се избориме за слобода правда, правичност и еднаквост. Потребна е свест за заедничка цел, не е време за мали планови изјави претседателот на опозицискиот Социјал демократски сојуз во својот говор пред Собранието на Република Македонија пред крај на маршот насловен „Борбата продолжува- гласот победува“. Маршираме за заштитени и задоволни работници, за силни мали претпријатија што ќе добијат помош од државата рече Заев. Пред присутните покрај него се обратија и граѓански активисти и борец од НОБ.

Слободата и демократијата да се правила во Македонија. Да твориме дома, а не да заминуваме надвор од земјата- рече граѓанскиот активист Ивана Туфегџиќ.

По маршот беше прочитан и манифест. Во него пишува- се работи за судбината на нашата држава, а гласот е нашето оружје.

Денешниот марш беше организиран од опозициската СДСМ, граѓански активисти, глумци, музичари... Учесниците во маршот тргнаа од пред Специјалното јавно обвинителство сѐ до македонското Собрание.

 

Миле Ристески