Министерот за одбрана на Чешка во посета на Македонија
12.10.2016 10:20
Двајцата министри според најавите ќе разговараат за билатералната соработка во одбраната, но и за мигрантската и бегалската криза.

Во официјална посета на земјава е чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки. Во Министерството за одбрана ќе биде примен и ќе разговара со неговиот домаќин Зоран Јолевски.
Двајцата министри според најавите ќе разговараат за билатералната соработка во одбраната, но и за мигрантската и бегалската криза. Чешка со свој контингент полицајци е дел од мешовитите патроли распоредени по должината на јужната граница со Грција.
Чешкиот министер за одбрана ќе биде примен и од претседателот Иванов.
