Конкурс за школување на „Вест поинт“

12.10.2016 10:22

Пријавените ќе поминат сет тестови и интервјуа во Министерството за одбрана, а ќе бидат проверени и од надлежни комисии на военовоздухопловната академија „Вест поинт“.

Министерството за одбрана објави конкурс за избор на 12 кандидати за 4-годишно школување на военовоздухопловната академија „Вест поинт“ во САД.

Станува збор за уникатна шанса за сите млади од државава од 17 до 23 години со завршено средно образование да се пријават на огласот. Пријавените ќе поминат сет тестови и интервјуа во Министерството за одбрана, а ќе бидат проверени и од надлежни комисии на военовоздухопловната академија „Вест поинт“.

Конечната одлука за примените ќе се соопши во април идната година.