Сообраќајот без забрани, по влажни коловози

12.10.2016 10:24

Се препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Се препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно треба да се внимава во клисурите, каде што постои можност од појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возилата.