Јован Илиевски избран за судија во Стразбур
12.10.2016 11:02
Ова ќе биде трет судија од Македонија по нејзиното зачленување во Советот на Европа.

Парламентарното Собрание на Советот на Европа со 106 гласови го избра Јован Илиевски за судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права, со мандат од 9 години.
За уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска гласаа 86, а за амбасадорот во Ватикан Звонимир Јанкуловски 5 парламентарци.
Ова ќе биде трет судија од Македонија по нејзиното зачленување во Советот на Европа. Првиот судија беше Маргарита Цаца Николовска, актуелен судија е Мирјана Лазарова Трајковска, чиј мандат истекува во февруари.
