Почна пријавувањето за купување печки на пелети
Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок.

Од денеска почнува пријавувањето за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година.
Право на учество на овој јавен повик имаат жителите на Град Скопје, кои ќе купат печка на пелети за затоплување на својот станбен простор по денот на објавување на овој јавен повик и ќе поднесат Образец за барање за искористување на правото за надоместок. Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Град Скопје.
Купувачот на печка на пелети своето барање за искористување на правото за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје бул.Илинден бр.82, во архивата на Градот, секој работен ден од 09:30 до 15:00 часот.
