Земјотрес почувствуван во Скопско
12.10.2016 12:01
Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет соопштуваат дека потресот е регистриран во источниот дел на скопското епицентрално подрачје во 11 часот и 39 минути.

Нов земјотрес е регистриран во Македонија. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет соопштуваат дека потресот е регистриран во источниот дел на скопското епицентрално подрачје во 11 часот и 39 минути.
Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 2,6 степени. Почувствуван е во Скопје и околината со интензитет од 4 до 5 степени според Европската макросеизмичка скала.
