Агресивна трка за Белата куќа

12.10.2016 15:46

Трамп и Клинтон во агресивна трка за Белата куќа. Објавите на Викиликс ја разгоруваат нетрпеливоста меѓу кандидатите кои за последен пат ќе се соочат на 19 октомври...

Годинашната претседателска кампања во САД е една од највалканите и најагресивните во историјата на изборите. На второто соочување, Хилари Клинтон и Доналд Трамп се расфрлаа со навреди, обвинувања и закани.

Чудно беше што на ист подиум се обвинуваа дека се лажговци, се закануваа со затвор, се навредуваа. Јас не сум видел олку омраза во претседателска кампања“, изјави Рич Гален, политички аналитичар.

Скандалите од минатото на Трамп и на Клинтон дополнително ја вжештуваат атмосферата пред последната дебата на 19 октомври. Претседателот Барак Обама со остри коментари за неумесните изјави на Доналд Трамп во однос на жените.

Овој човек кажа работи кои не би ги толерирале ни на интервју за работа во продавница. Не мора да сте ни татко, ни сопруг за да сфатите дека не се добро. Секој пристоен човек го знае тоа“, изјави американскиот претседател Барак Обама.

На собирот за поддршка на Хилари, Обама побара од републиканците официјално да ја отповикаат номинацијата на Трамп. Приврзаниците на милијардерот пак,  се обидоа неколку пати да го прекинат говорот на Обама. Носеа маички со натпис„ Хилари в затвор“, и извикуваа пароли против поранешниот претседател на САД Бил Клинтон.

Викиликс најави дека до 8 ноември, денот на изборите, постојано ќе ја изненадува јавноста со податоци за Трамп и Клинтон. Последна жртва на Асанж е шефот на предизборната кампања на поранешната прва дама на САД Подеста. Од неговата приватна електронска пошта се објавени илјадници информации.

Според последните анкети на Ројтерс/Ипсос, поголема поддршка од гласачите има кандидатката од редовите на демократите.