Собранието ќе расправа за продолжување на кризната состојба
13.10.2016 10:13
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност дадоа зелено светло за владината предлог-одлука...

Собранието ќе расправа за продолжување на рокот на кризната состојба на јужната граница поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти. Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност дадоа зелено светло за владината предлог-одлука.
Целта е, вели министерот за одбрана, да се обезбеди и континуитет во вршењето на активностите на Армијата и на полицијата во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.
На дневен ред пред пратениците меѓу другите точки и предлозите за избор на член на Судскиот совет на Република Македонија и за избор на заменици на Народниот правобранител.
