Сириецот што планираше напад во Берлин се самоуби во затвор во Лајпциг

13.10.2016 10:07

Полицијата најде експлозиви и бомбашки појас во неговиот стан пред да биде приведен откако тројца сириски бегалци го врзале и го предале.

22-годишниот Сириец, Џабер ал-Бакр уапсен поради план за бомбашки напад во Германија, се самоуби во затвор во Лајпциг.

Полицијата најде експлозиви и бомбашки појас во неговиот стан пред да биде приведен откако тројца сириски бегалци го врзале и го предале.

Ал-Бакр лани добил азил во Германија. Според властите, тој имал врски со Исламска држава и планирал напади на аеродром во Берлин.