Конференција за процесот на европска интеграција

13.10.2016 09:55

На конференцијата ќе се обратат вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, полскиот амбасадор Јацек Мултановски, хрватската амбасадорката Данијела Баришиќ...

Во Секретаријатот за европски прашања денеска ќе се одржи завршна конференција по повод затворањето на твининг проектот „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“.

На конференцијата ќе се обратат вицепремиерот задолжен за европски прашања Арбр Адеми, полскиот амбасадор Јацек Мултановски, хрватската амбасадорката Данијела Баришиќ, заменик- амбасадорот на Сојузна Република Германија Марко Акватичи и Јаромир Левичек од Делегацијата на Европската унија.