УНИЦЕФ: Започна нова соработка за рано откривање и интервенција на попреченост кај децата

13.10.2016 11:23

Во текот на соработката УНИЦЕФ ќе обезбеди поддршка за изготвување едукативен материјал и спроведување обука на лекари по општа медицина и специјалисти по семејна медицина кои во текот на наредните две години ќе го пренесат знаењето на своите колеги во примарната здравствена заштита...

УНИЦЕФ започна со соработка со Здружението на лекари по општа медицина и семејна медицина за да се зајакнат капацитетите на лекарите по општа медицина и специјалистите по семејна медицина за рано откривање и интервенција на попреченост кај децата.

Во текот на соработката УНИЦЕФ ќе обезбеди поддршка за изготвување едукативен материјал и спроведување обука на лекари по општа медицина и специјалисти по семејна медицина кои во текот на наредните две години ќе го пренесат знаењето на своите колеги во примарната здравствена заштита.

Раното откривање тешкотии во развојот кај децата е клучно за да се обезбеди навремено дијагностицирање и децата да добијат навремена поддршка со што ќе се намалат долгорочните последици врз нивниот развој. Примарната здравствена заштита претставува почетна точка за откривање знаци на попреченост кај децата, а  лекарите по општа медицина и специјалистите по семејна медицина се во најдобра позиција да обезбедат пристап на децата со попреченост до соодветни услуги.