Владин тим во Брисел го претстави напредокот во Македонија пред издавањето на извештајот на ЕК
Во Европскиот парламент тие се сретнале со известувачот за Македонија, Иво Вајгл и со европратеничката и претседател на „Групата пријатели на Македонија“ во законодавниот дом на ЕУ, Маријана Петир...

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска придружвана од заменик-министерот за правда Биљана Бришковска-Бошкоски и државниот секретар за европски прашања Ана Блажевска, се во дводневна работна посета на Брисел, каде во очи на претстојното објавување на извештајот за напредокот на Република Македонија, се сретнале со голем број високи претставници на Европската унија, на кои им го претставиле напредокот на земјата во повеќе области.
Во Европскиот парламент тие се сретнале со известувачот за Македонија, Иво Вајгл и со европратеничката и претседател на „Групата пријатели на Македонија“ во законодавниот дом на ЕУ, Маријана Петир, а во Европската комисија, во директоратот за проширување имале средби со првите луѓе задолжени за Западен Балкан.
