Хуманитарна помош од Турција за настраданите од поплавите

13.10.2016 12:47

Денес пристигна и пратка хуманитарна помош од 500 парчиња бела техника и 500 комплети кујнски прибор за домаќинствата кои се од најранливите категории.

Турската влада, преку одделот за помош и турската развојна агенција Тика, како и од турските градови Истанбул и Бурса од првите моменти на трагичните поплави во Скопје активно им помагаа на семејствата на настраданите од поплавите.

Денес пристигна и пратка хуманитарна помош од 500 парчиња бела техника и 500 комплети кујнски прибор за домаќинствата кои се од најранливите категории.

Вкупната помош што пристигна за поплавените региони од Турција е во вредност од речиси милион евра.