Хан утре на средби во Скопје

13.10.2016 12:51

Во сооштението од Европската комисија се наведува дека главна цел на утрешната посета е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, во однос на орагнизирање на предвремените парламентарни избори во декември и спроведување на пакетот итни реформски приоритети...

Еврокомесарот Јоханес Хан утре доаѓа во Македонија. На агендата средби со премиерот Димитриев, со лидерите на четирите политички партии, со специјалната обвинителка и со преставници на граѓанското општество.

Во сооштението од Европската комисија се наведува дека главна цел на посетата е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, во однос на орагнизирање на предвремените парламентарни избори во декември и спроведување на пакетот итни реформски приоритети.