Доделени шест грантови за отворање приватни детки градинки
Дел од нив веќе стартувале со работа, дел се доопремуваат. Досега се отворени 27 приватни детски градинки и 7 центри за ран детски развој. Обезбедено места за 1.800 дечињаи отворени 150 работни места.

Доделени шест грантови за приватни детски градинки. Дел од нив веќе стартувале со работа, дел се доопремуваат. Досега се отворени 27 приватни детски градинки и 7 центри за ран детски развој. Обезбедено места за 1.800 дечињаи отворени 150 работни места.
„Шестте нови приватни детски градинки ќе го зголемат капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст за околу 260 места и ќе отворат околу 40 нови работни места. Владата и МТСП и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат приватните инвеститори подготвени да вложат во отворање нови приватни дестки градинки“, рече на доделувањето на грантовите дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски информира дека до крајот на годинава е отворен огласот за уште четири нови градинки за тие што не можеле до сега да аплицираат.
До крајот на годината ќе може да се изберат уште четири грантови и вкупниот број на доделени грантови да биде 10, со вкупни средства од 100 илјади евра и да вработат 40 лица, истакна Поповски.
