Лани настрадале 39 работници
Лани се случиле 144 несреќи при работа од кои 39 со фатален исход. На секои 100 илјади во земјава загинуваат 5 до 6 вработени. Унапредување на правото за безбедна работна средина- тема на европската конференција...

Работник паднал од скеле и загинал, се превртел трактор- настрадал возачот или пак работникот се здобил со тешка повреда со машина за сечење- билтените на полицијата се преполни со вакви несреќни случаи. Секоја недела загинува по еден работник, велат од Здружението за заштита при работа. Земјоделието е убиец број еден.
„Тоа е поврзано со бројните несертифицирани или непроверени алатки кои ги користат, поврзано е со бројот на механизацијата која ја користат итн. Да не го споменувам користењето на одобрени или одобрени пестициди, хербициди, Република Македонија има реален проблем со работното место“, изјави Милан Петковски, Македонско здружение за заштита при работа.
Од сојузот на синдикати велат измените на законот за заштита при работа дале резултат. Подобрено е спречувањето.
„За разлика од претходната година бележиме намалување за 4 до 5 смртни случаи. Имаме 144 повреди за разлика од поранешните 234 пред донесувањето на измените на овој закон. Тоа доволно зборува дека обезбедивме атмосфера, обезбедивме ангажман на претседателите на синдикатите да ја подобрат таа превентивна функција“, изјави Живко Митрески, претседател на ССМ.
Обуки на вработените, поголема соработка со институциите, евиденција на повреда, заболувања или болести се дел од препораките во студијата за безбедна работа.
Андријана Атанасовска
