Димитриев: Реформи за подобар безбедносен систем
Министерството за внатрешни работи е важна алка во спроведувањето на фер и кредибилни избори. Денеска почна проектот за реализација на акцискиот план за реформи во безбедносниот систем кои се однесуваат на ова министерство. Ова следува по препораките од Прибе...

Шестата изборна едница нема да го доведе во прашање легитимитетот на изборите, вели премиерот Емил Димитриев. Изрази увереност дека партиите покажале подготвеност за избори.
Важна алка во изборниот процес е МВР. Токму градењето безбедносен систем што ќе функционира независно од тоа кои лица управуваат со институциите беше во препораките на Прибе. На оваа тема премиерот Димитриев на средба со раководството на МВР. Се прават анализи. Вклучени се владини институции, невладин сектор и парламентарни комисии. Првата фаза треба да заврши во декември.
Квалитетно решение ќе треба да се добие преку серија јавни дебати. Координатор на проектот е директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков. Крајниот резултат треба да биде формирање служби кои се по терк на земјите од ЕУ.
Наташа Гркова- Петрушевска
