Жбогар: Фер и веродостојни избори

18.10.2016 16:30

Изборите ќе ја извлечат земјата од политичката криза доколку се фер и веродостојни-изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар. Охридскиот рамковен договор и меѓуетничките односи, меѓу реформските приоритети потребни Македонија да се врати на евроатлантскиот пат.

Изборите на 11-ти декември можат да ја извлечат земјава од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар. Тој присуствуваше на Националната конференција „Градење култура на соживот“ во соработка со граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог.

Според Жбогар, функционалните односи меѓу етничките заедници се гарант на демократијата и на функционално и прогресивно општество.

Од владината Агенција за остварување на правата на зедниците потенцираа дека малцинствата не ги уживаат сите права и покрај заложбите на државата, европската делегација, невладините.

За подобрување на меѓуетничките односи во Македонија постојано се слеваат пари од европските фондови. Проектот промовиран денеска ќе се фокусира на младите, зголемено учество на малцинставата во локалната власт. 2 милиона евра ќе им бидат дадени на 20 невладини организации. Активностите ќе се спроведуваат во 28 општини.

 

Наташа Јанчиќ