Истражувачко новинарство- за да се дознае вистината

19.10.2016 16:30

Дали граѓаните сакаат да ја дознаат вистината или се инертни за она што се случува во земјава? Новинари и уредници дебатираа на тема- истражувачко новинарство и за проблемите со кои се соочуваат истражувачките новинари.

10 месеци работа, 400 барања за достапност до информации од јавен карактер, плус уште 400 други барања му биле потребни на новинарот Горан Лефков за истражување на вработувањата во општините во предизборниот период. Сомневањата за корупција при вработувања, вели биле водилка за го почне процесот на прибирање информации.

Според долгогодишниот новинар и уредник Зоран Иванов, истражувачките стории кои обелоденуваат проблеми се битни за да се решат проблемите или да се прекинат криминалните дејствија.

Според него, кај нас со истражување претежно се занимваат невладини организации, истражувањето во некои медиуми не постои. А истражувањето бара многу време и истрајност.

Новинарите велат дека граѓаните се обраќаат во медиумите откако ќе ги исцрпат сите можности да си го решат проблемот. Но, често знаат и да ги злоупотребат медиумите.

 

Наташа Јанчиќ