СЈО во потрага по документи во УБК
„Тапкаме во место“, изјави во раните утрински часови специјалната обвинителка Јанева, повикувајќи се на опструкции во Управата, и покрај судскиот налог.

Специјалното јавно обвинителство и натаму ги бара документите од Управата за безбедност и контраразнузнавање. Станува збор за посебни истражни мерки, од 2009-та до 2015-та година.
„Тапкаме во место“, изјави во раните утрински часови специјалната обвинителка Јанева, повикувајќи се на опструкции во Управата, и покрај судскиот налог.
„Од досегашното постапување, УБК не само што не манифестираше волја, туку манифестираше недостиг на технички и човечки капацитети. Не сакаме да инсинуириме кои се мотивите за тоа. Разочарани сме што државна институција нема ниту технички ниту човечки ресурси да одговори на судска наредба за да може да пристапиме во системите за прислушување. Буквално тапкаме во место, немаме резултати“, рече обвинителката Ленче Ристовска.
Јанева направи класичен упад во работата на УБК, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни, Андонов.
Првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков објасни дека припадници на единицата Алфа биле распоредени во околината на МВР, а во 14:30 се распоредиле пред УБК. Најави дека ќе се спроведе проверка и истрага.
Разговарав денеска со началникот на СВР Скопје, тој не знаеше дека се ангажирани Алфите и не знаеше дека Алфите се присутни во кругот на МВР и се стционирани пред УБК. Тој беше изненаден и после моето јавување ги повлече луѓето, рече Чавков.
Специјалното јавно обвинителство за денеска во 11 часот најави прес-конференција на која најави дека ќе објави две нови истраги кои произлегуваат од прислушуваните разговори.
